📢 Известување за електронски упис/испис на деца
Почитувани родители, како една од превентивните мерки за заштита на здравјето и овозможување на безконтактна административна услуга, нашата градинка ЈУДГ ОЦ „13 Ноември“ – Скопје воведува нова постапка за електронско поднесување на барања за:
  • 💻 електронско барање за упис (аплицирање) за нови деца во нашата установа;
  • 📝 отпишување на деца кои во моментот се запишани;
    Откако нашата институција ќе го добие барањето, по проверката на податоците ќе го контактира барателот телефонски.

    Дополнителни документи 📑
    1. ДОГОВОР ЗА ПРАВАТА И ОБВРСКИТЕ ЗА ПРЕСТОЈ НА ДЕТЕ симнат од веб-страницата, пополнет од родител и испечатен во (2) два примерока.📜
    2. Прилог кон договорот: ОВЛАСТУВАЊЕ за земање на дете од градинка пополнет од родител и испечатен во (2) два примерока.📝
    3. Уплатница ПП50 📑
    4. Потврда од матичен лекар симната од веб-страницата, а пополнета од матичниот лекар на детето.
    5. Фотокопија од здравствена книшка на детето (првата страна и вакциналниот статус на детето) 💉
    6. Досие на дете – да се испечати и да се донесе со сите останати документи.
    7. Пријава за упис 🖊️

    Документација потребно е да ја доставите уредно пополнета и комплетирана во договорен термин во Матичниот објект кај социјалниот работник.
    Приемни денови кај социјалниот работник: вторник и четврток од 9-12 часот 🕘

    За подетални информации јавете се на телефон 072 253 190 📞